Живот 13.04.2018 00:31

Тинејџерски денови на Никола Поповски за кои сигурно не сте слушнале

Тинејџерски денови на Никола Поповски за кои сигурно не сте слушнале

Поранешниот министер за надворешни работи, сега пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Поповски, има интересна приказна за тоа како дошол до првиот џепарлак.

Во разговор за ,,Репортер”, тој ја раскажа својата приказна за првата заработка.

Вели дека тоа било во времето на 80-тите години од минатиот век во Охрид каде што од продажба на секакви дрангулии на тезга со неговиот другар одлично заработувале. Во тоа време имало многу странски туристи, но и туристи од републиките од поранешна Југославија.

,,Првите пари ги заработи уште додека бев во основно училиште за време на летните распусти во Охрид, каде што редовно го поминував летото. Со другарот од детството продававме масури (оние сламарките за на плажа врз кои се ставаше крпата) , но продававме и разгледници, спортски реквизити, се и сешто.  Имавме една тезга на градскиот плоштад во Охрид и задолжително правевме обиколка на најфрекфентните места, каде што имаше странски туристи” , искрен е поранешниот министер Никола Поповски.

На прашањето дали биле задоволни од заработката вели, ,, Во 80 -тите години холандски, полски, чешки и туристи од другите републики на федерацијата ни беа главни клиенти, па имавме и добра заработка”, открива Поповски.

,,И денес се присетувам на ова”, додава ексминистерот, ,,звучи откачено, ама навистина е така, и воопшто не се срамам да си кажам како сум зарабтувал како дете”, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.