Актуелно 12.11.2020 11:07

ТЛОТО НЕ МИРУВА: По силниот земјотрес кој вчера ја разбуди Македонија, регистирани 15 потреси – еве со колкава јачина биле

ТЛОТО НЕ МИРУВА: По силниот земјотрес кој вчера ја разбуди Македонија, регистирани 15 потреси – еве со колкава јачина биле

Македонија вчера утрината во 4:54 часот се разбуди по силниот земјотрес со јачина од 5 според според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот беше во мавровскиот регион.

Листата на земјотреси објавена од ЕМСЦ покажува дека во Македонија по овој земјотрес се регистирани уште 15 потреси, последниот зебележан утринава во 4:51 часот. Сите во епицентар во мавровскиот регион.

Според податоците најсилниот од таканаречените афтер шок потреси, е регистриран во вчера во 15:25 часот со јачина од 4,9 степени. Меѓу посилните се евидентирани два со јачина од 3,8 степени и еден 3,7 според Рихтеровата скала. Останатите земјотреси биле со јачина помеѓу 2 и 3 степени.

Во текот на вчерашниот ден по земјотресите имаше пријави за неколку одрони во мавровско-дебарскиот регион, но и за оштетени куќи во Галичник, Маврово и останатите околни населени места.

ЈПКД Маврово преку социјалните мрежи вчера ги информираше жителите дека поради потресите водата за пиење се заматила и се препорачува истата да не користи.

Стопанската комора за енергетика на Македонија вчера на социјалните мрежи објави дека земјотресите настануваат како последица на неконтролирање празнење и полнење на езерата. Предупреди дека властите треба веднаш да реагираат и по однос на уништената флора и фауна во езерата.