Економија 14.05.2018 13:59

„Тојота“ со зголемена продажба и добивка

„Тојота“ со зголемена продажба и добивка

Кварталната добивка на јапонската автомобилска компанија „Тојота“ се зголеми за 21 отсто.
Профитот на Тојота во периодот од јануари до март достигна 480,8 милијарди јени (4,4 милијарди долари), додека истиот период минатата година изнесуваше 398 милијарди јени.
Приходите од кварталната продажба пораснаа на 7.580 милијарди јени (69 милијарди долари).Во изминатата фискална година, завршена во март годинава, „Тојота“ оствари рекорден профит од 2.490 милијарди јени (23 милијарди долари), што е 36 отсто повеќе во однос на претходната фискална година. Истовремено приходите се зголемени за шест отсто, на 268 милијарди долари.