Актуелно 06.02.2019 21:37

Тони Михајловски: Преспанскиот договор е само анекс на Букурешкиот со кој Македонија беше поделена

Тони Михајловски: Преспанскиот договор е само анекс на Букурешкиот со кој Македонија беше поделена

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски во вечерашното гостување на телевизија Алфа рече дека Договорот од Преспа бил само анекс на Букурешкиот договор со кој Македонија беше поделена.

Сите договори имаат важност од 100 години, освен Букурешкиот договор кој ете не престана да важи во 2013 година. Овој сегашниот Договор со Грција е само анекс на тој договор, уште полош. Верувам дека ќе се охрабри некоја судска власт во Македонија да ги поништи овие работи, бидејќи не е една, во низа се. Ние имаме нелегално избран претседател на Собрание, што значи дека сите одлуки потоа се нелегални. Овој Договор е потпишан од двајца министри, што не би требало да е, закони потпишани без потпис на претседателот се нелеглани… Сето тоа некоја нормална судска власт може правно пред институциите на светот може да го поништи Договорот. Јас би преговарал уште 30 години најмалку, не би застанал се додека не добијам нешто што мене ќе ме задоволи, истакна Михајловски.

Најнови вести