Живот 23.01.2021 18:16

Топлото млеко со овој зачин е спас против вируси и настинки: Испијте го пред спиење и не грижете се за грипот!

Топлото млеко со овој зачин е спас против вируси и настинки: Испијте го пред спиење и не грижете се за грипот!

Одбранете го организмот од есенските вируси и настинки со древни ајурведски рецепти

Уште од дамнешни времиња, млекото со зачини и лековити билки се користело како здрава напивка во Индија. Во ајурведата, таквото млеко е познато под името Сидха Дугдхам.

Сидха на санскрит значин „совршено“, а дугдхам значи „млеко“.

Исклучително се цени во ајурведската медицина, бидејќи го храни организмот, ја смирува емоционалната напнатост и помага за урамнотежување на телесните функции.

Покрај многуте придобивки за здравјето и убавината, ова млеко ја поттикнува и виталната енергија – ојас.

Според ајурведата, ојасот дава сила, го зајакнува имунолошкиот и дигестивниот систем и буди чувство на среќа и задоволство.

За да го приготвите млекото на здрав начин, важно е да не го пиете ладно и незовриено. Треба да го зовриете, и потоа да го варите на тивок оган уште 5 до 10 минути заедно со лековити билки.

Вриењето ја менува неговата структура која го прави полесно за варење, особено за луѓето кои имаат бавен дигестивен систем.

За кого е ова млеко најдобро?
Поради своите лековити својства и хранлива вредност, оваа напивка се препорачува за луѓе со слаб и исцрпен организам. Му ја враќа имунолошката отпорност на телото и дигестивната сила, со што го штити од разни болести.

Се препорачува и за луѓе кои страдаат од кашлица, зголемен секрет, затнати синуси или респираторни инфекции. Ајурведата советува млекото да го пиете во вечерните часови, поради неговите смирувачки и дигестивни својства, со што поттикнува мирен и длабок сон и здрав утрински метаболизам.

5 рецепти за приготвување лековито млеко

1. Халди – Сидха млеко со куркума
Куркумата со своите моќни состојки го зајакнува имунитет, го подобрува здравјето на срцето и го намалува ризикот од настинки, грипови и други инфекции. Млекото со куркума му помага на телото да се одбрани од вируси и затоа е одлично за ублажување на акутните нарушувања поврзани со грлото и белите дробови, како што се воспаление на крајници, ларингитис и болка во грлото.

2. Адрака – Сидха млеко со ѓумбир
Ѓумбирот во ајурведата се нарекува „универзален лек“, а терапевтската употреба на ѓумбирот во ајурведата се опишува како лек за разни болести, како што артритис, болести на дигестивниот, респираторниот и кардиоваскуларниот систем. Млекото со ѓумбир ги ублажува нарушувањата на респираторниот систем, како што се сува кашлица и емфизем и помага за намалување и ублажување на болките во мускулите, зглобовите и коските.

3. Каали Мирх – Сидха млеко со црн бибер
Оваа напивка е добра за прочистување на токсините од црниот дроб и жолчката. Го намалува затнувањето и стагнацијата во лимфниот систем. Млекото со црн бибер ја засилува работата на метаболизмот, го спречува насобирањето масти во телото и ја зголемува концентрацијата на добриот холестерол.

4. Пипали – Сидха млеко со долг бибер
Пипали (пипер лонгум) спаѓа меѓу најдобрите ајурведа зачини, бидејќи неговата моќ лежи во способноста да ги подмлади белите дробови и респираторниот систем. Го подобрува метаболизмот, поттикнува здрава циркулација, ја зајакнува функцијата на репродуктивните органи и го подобрува здравјето на црниот дроб. Млекото со пипали има загревачко дејство кое ги ублажува хроничните бронхијални затнувања, алергиите на дишните патишта и проблемите поврзани со астма.

5. Тулси – Сидха млеко со свет босилек
Во ајруведата светиот босилек (тулси) се нарекува „еликсир на животот“. Светиот босилек е познат по тоа што го поддржува здравјето на имунолошкиот систем и го опушта умот и телото. Млекото со тулси е одлично за респираторниот систем, бидејќи лекува кашлица, грлоболка и настинка, односно ја отстранува секоја блокада во дишните патишта. Ублажува главоболка, намалува анксиозност и депресија и го подобрува сонот. Редовното пиење на ова млеко го снижува крвниот притисок и холестеролот, намалувајќи го ризикот од мозочен и срцев удар.

Како да приготвите лековите млеко?
За приготвување на ова млеко одберете лековити билки и зачини во зависност од состојбата што сакате да ја третирате. Приготвувањето е брзо и едноставно.

Состојки:

1/2-1 чајна лажица лековити билки/зачини
1 шолја млеко
1/4 шолја вода
Приготвување:

Во помало лонче измешајте лековити билки, вода и млеко па оставете го да зоврие. Намалете ја температурата и оставете ги млекото, лековитите билки и водата полека да се варат. Кога количината ќе се намали на една шолјичка, лекот е готов.

Пијте ја топлата напивка редовно пред спиење, најмалку 14 дена за лековито дејство. Млекото на крајот можете да го засладите со мед или друг природен засладувач по ваш избор.