Актуелно 16.11.2018 16:05

Тошевски: Петровска крие од граѓаните за новото задолжување

Тошевски: Петровска крие од граѓаните за новото задолжување

Тој нагласи дека Петровска ќе ја задолжи општина Битола со 80 милиони денари кредит од Светска Банка или 1.3 милиони евра.

-На истиот овој нетранспарентен начин на една од претходните седници на советот беше донесена одлука за задолжување на ЈП Комуналец, преку кредит од Стопанска банка Битола во висина од 20 милиони денари. Што значи, се што успеа Петровска да направи во една година наназад е успеа да ја задолжи општина Битола и јавните претпријатија со кредити во висина од 100 милиони денари, пари кои треба да ги врата граѓаните на општина Битола. Сето ова се случува во услови кога Петровска е неспособна да обезбеди наплата на сопствените приходи, а во една година наназад во општина Битола не е направена ниту една улица, ниту пак е започнат нов капитален проект, нагласи Тошевски.