Актуелно 31.03.2021 19:20

ТРАГЕДИЈА: Почина млада адвокатка од Скопје

ТРАГЕДИЈА: Почина млада адвокатка од Скопје

Со неизмерна тага денес ја испративме кон вечен мир и спокој нашата драга другарка и колешка Јулијана, информираа денеска од „Адвокатско друштво Бранко Кузманоски и партнери“.

-Јуле се грижеше за сите Нас, со цело свое битие и донесе радост и среќа на многумина. За жал ние повеќе не можеме да ти возраќаме на твојата добрина. Невидлива сила прерано те оддели од најблиските, те оддели од сите нас. Ти беше ѕвезда и на земјата. Остави силен впечаток и резултати со секој твој настап, и како личност и како адвокат. Токму затоа толку силно, болно и молњевито се разнесе жалната вест за твојата прерана смрт. Кај сите што допре само плач, бол и неверување. Остави длабок белег во многу срца. Нека сјае на небото твојата ѕвезда Јуле. Греј ги сега душите на твоите блиски и на сите кои ќе им недостасуваш. И сама знаеш ангелу Наш, дека тоа се многу, многу луѓе. Ќе бидеш во вечен Наш спомен. Почивај во мир Јуле! Нека ти е вечна славата!…

Јулијана Неделковска дипломирала на Правниот Факултет “Јустинијан Први” во Скопје при универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје во 2009 година. Во 2012 година се стекнала со титула магистер на правни науки од областа на меѓународно приватно право. Од 2012 година како приправник работи во Адвокатско друштво Бранко Кузманоски и партнери од Скопје, а од 01.01.2015 година како адвокат.