Актуелно 05.12.2023 13:31

Тренчевска: Парите од антикризниот пакет на сметките на граѓаните до крајот на декември

Тренчевска: Парите од антикризниот пакет на сметките на граѓаните до крајот на декември

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека првите исплати од новиот антикризен пакет мерки ќе легнат на сметките на граѓаните на крајот на овој месец.

– До крајот на декември треба да ја почнеме исплатата кај пензионерите, кај примателите на правата што се опфатени со антикризните мерки и кај учениците – рече министерката.

Таа додаде дека во среда на владина седница треба да биде донесен Законот за финансиска поддршка, додека во Собранието, како што најави Тренчевска, треба да биде изгласан следната недела.

– Кога ќе биде објавен Законот, ќе се објават и начините како дел од граѓаните ќе може да аплицираат, освен кај пензионерите што директно ќе ги добијат парите – наведе Тренчевска. ()