Актуелно 25.08.2023 13:23

Тренчевска: Пензијата зависи од работниот век, не може да се изедначат луѓето кои работеле 45 години со оние кои работеле 15 години

Тренчевска: Пензијата зависи од работниот век, не може да се изедначат луѓето кои работеле 45 години со оние кои работеле 15 години

Во изминатиот период имавме конструктивни средби со пензионерите и тие велат дека висината на пензиите и животниот стандар се доволни за преживување. Јас се согласувам дека најниските пензии се мали. Но, пензијата е економска категорија и зависи од нашиот работен век и колку сме придонеле во пензискиот систем, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Во гостување на „Клик Плус“ на ТВ21, Тренчевска истакна дека не може да се изедначат луѓето кои работеле 45 години, и луѓе кои работеле 15 години.

Не може да ги изедначиме луѓе кои работеле на сложени работни места, и имале поголеми плати, и луѓето кои имаат минимална плата, а платата се формира согласно сложеноста на работа. И тоа што го инвестираме во пензискиот фонд низ работниот век, тоа ни се враќа со пензиите – додава таа.

Министерката истакна дека во времето на носење на методологијата за усогласување на пензиите, пензионерите биле консултирани преку нивните здруженија и не биле против.

Во септември не очекува покачување на пензиите со новата методолија. Во март минатата година кога ја носевме новата методологија и кога ги правевме законите за инвалидско осигурување, ниту еден не пензионер не беше против. Сите пензионери ја поддржаа одлуката. Порастот на пензиите го следи покачувањето на трошоците на живот, ја следи инфлацијата, а ја следи и порастот на просечната плата – информираше министерката.

Таа верува дека инфлацијата ќе се намали до крајот на годината и ќе дојде до едноцифрена бројка, а тогаш пензиите ќе растат повторно.