Банкарство 06.12.2023 08:58

Трет мандат за Маринис Стратопулос во НО на Стопанска банка Скопје

Трет мандат за Маринис Стратопулос во НО на Стопанска банка Скопје

Маринис Стратопулос доби нов четиригодишен мандат како член на Надзорниот одбор на скопската стопанска банка. По трет пат се именува на таа позиција, а воедно е и претседател на ова тело. За старо-новата измена во органите на управување, инвеститорската јавност се информира преку Македонска берза.

„Со Решение бр. 15-30708/9, Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија издаде претходна согласност за повторното именување на г-динот Маринис Стратопулос за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка АД Скопје, со мандат од четири години.

Станува збор за трето именување на г-динот Стратопулос за член на Надзорниот одбор на Банката. Тој претходно ја извршуваше функцијата член (и Претседател) на Надзорниот одбор врз основа на претходните согласности издадени со решенијата на Гувернерот од 2015 и 2019 година“, се вели во објавата од Банката.

Покрај Стратопулос, во составот на Надзорниот одбор се членовите Христодулос Христодулу, Димитра Гудуфа, Анастасиос Лизос, Јанис Кајулис, како и независните членови Владимир Филиповски и Сашо Ќосев.