Министерот за дијаспора Едмонд Адеми за Алсат М вели дека неговиот ресор пресметал дека две третини од парите што ги внесуваат иселениците во Македонија се преку сметка, а последната третина ја доведуваат со себе во кеш.
Според неговите пресметки таа сума минатата година достигнала над 800 милиони евра. Тука влегуваат парите кои се пратени по основ на брз трансфер на пари, а лани изнесувале 400 милиони евра, како и кешот кој го носат гастарбајтерите кога ќе си дојдат дома, а се регистрира преку менувачкото работење и се проценуваат на 400 милиони евра. Оваа сума според него може да биде и поголема.
„Низ целиот период од независноста па наваму влезот на овие дознаки, средства финансиски било преку брз трансфер на пари, банки или во форма на директно менувачко работење или во кеш во државата секогаш имале ефект во економијата. Тие средства се во пазарот, се трошат. Тоа е еден сегмент кој шт е важен и кој што има влијание во економскиот живот на граѓаните. Се разбира тие средства се лични на нашите сограѓани кои што живеат и работат во дијаспора и се пратени до своите членови на семејства“, рече министерот Адеми.