Актуелно,Мозаик 01.11.2018 15:57

Трето издание на „ВИНОДОНИЈА“- симболот на винската култура и најзначајниот вински настан во Македонија

Трето издание на „ВИНОДОНИЈА“- симболот на винската култура и најзначајниот вински настан во Македонија

Преку 250 етикети на вино од 30 македонски и странски винарии, ќе може да се дегустираат на третиот по ред Скопски вински салон- „Винодонија 2018“ што ќе се одржи на 23-ти и 24-ти ноември (петок и сабота) во Хотел Мериот Скопје.

Настанот е организиран од Здружението на сомелиери на Република Македонија, а покрај дегустации на вино, предвидува и дегустација на најразлични домашни и увозни сирења, сувомесни производи, маслинови масла, како и едукативни работилници и предавања кои ќе бидат одржани од домашни и странски предавачи, спарување на вино и храна, ексклузивна гала вечера…

-Скопски вински салон- Винодонија 2018 е клучниот момент за препознавање на Македонија како вински регион. Винодонија овозможува соодветно претставување на виното на еден елегантен и културен начин на кој што се промовира трудот на винариите и нивните вински приказни. Самиот формат на настанот нуди можност во една пријатна атмосфера да се научи и дознае нешто повеќе за виното директно од неговите создавачи, а преку тоа се развива винската култура и перцепција кај нас винските љубители, истакна Александар Вучковски, директор на „Винодонија“ на вчерашниот брифинг со новинарите.

„Наравивме селекција на квалитетни брендови од месната, млечната и пекарската индустрија кои ќе ги понудат своите производи на дегустација и со тоа ќе го комплетираат виното во комплетно ено-гастрономско уживање“, рече Дејан Донев, проект менаџер на Винодонија.

Винодонија е одлична шанса винските љубители да си одговорат на сите прашања што ги имаат во однос на виното и во една интерактивна атмосфера да разменат искуства и мислење со винариите и останатите гости.

Првиот и вториот ден салонот ги отвора вратите за посетителите од 13:00 до 19:00 часот.