Актуелно 29.03.2020 13:02

Трговците кои се занимаваат со малопродажба со барања до Владата и надлежните институции

Трговците кои се занимаваат со малопродажба со барања до Владата и надлежните институции

Трговците кои се занимаваат со малопродажба бараат од Владата и наделжните институции да не ги заборават и во пакетот мерки да бидат вклучени и нивните мали бизниси.

-Во Македонија од вкупно регистринани фирми, 80% се микро и мали претпријатија. Тоа покажува дека сме значителен дел од економијата на земјата. И владата треба сериозно да размисли. Сите вие, кога се движите по улица каде и да се свртите гледате мали, малопродажни продавници. Тоа е Македонија, тоа сме ние, а од средина на март сите имаме клуч на врата и со овие загуби ни се заканува целосен колапс и отпушрање на повеќе од 20 000 работници, а за голем дел од нас ова е основен и единствен начин на егзистенција, велат трговците и додаваат:

„Затоа бараме:
-бруто плати, додека траат мерките од страна на владата, да бидат на товар на државата (март, април, мај) ;
– да се замрзнат ратите за кредитите во деловните банки како и плаќањето на тековните сметки за електрична енергија, вода итн. ;
– субвенционирани не повратни средства ;
Сите овие мерки бараме да имаат важност се до престанокот на важноста на мерките предложени од страна на владата“.

Исто така, велат тие, сакаме да апелираме до сопствениците на објектите, во знак на солидарност да се откажат од закупнината за овие месеци, бидејќи не работиме и молба до Владата да ги употреби сите мехинизми во вонредна ситуација, преку уредба да им наложи на истите да ги замрзнат или олеснат околностите во однос на плаќањето. Товарот треба сите заеднички да го понесеме.