Заканата од глобална трговска војна и зголемените политички тензии меѓу светските сили се главните глобални ризици, се вели во извештајот на Светскиот економски форум (WEF), објавен пред годинешната средба во Давос, Швајцарија, која ќе се оддржи следната недела.
Сајбер нападите и климатските промени се исто така меѓу најголемите потенцијални опасности наведени во анкетата на организацијата меѓу околу 1.000 законодавци, претставници на академските институции и бизнис лидери.
Во јануари 2018-та година, претседателот Доналд Трамп наметна значителни царина за увозот на соларни панели и машини за перење, со цел да ја активира ветената трговска политика со мотото „Америка на прво место“.
Царините, кои САД ги воведоа врз увозот на челик и алуминиум, и контрамерките на Пекинг доведоа до економски ќор-сокак што според извештајот на „WEF“ што доведе до слабеење изгледите за глобалниот раст.
Извештајот, кој ги анализира глобалните ризици и трендови во наредните 10 години, наведува дека глобалниот економски раст очигледно го достигна максимумот, а доцнењето на кинеската економија предизвикува особена загриженост.
Во октомври Меѓународниот монетарен фонд ги посочи растечките бариери во трговијата и ја намали прогнозата за глобалниот раст во 2019-та година за 0,2% поради доцнењето на американската и кинеската економија.
„Ние едноставно немаме сили да се справиме со забавувањето кое може да нè доведе до оваа динамика“, вели Борге Бренде, претседател на „WEF“.
Економската политика која пред време им дозволуваше на конкуренти да имаат корист во взаемните трговските односи, сега „често е сметана за инструмент за стратегиска конкуренција“, се вели во извештајот.
„Трговијата е двигател на растот“, изјави Бренде на прес-конференција по повод претставувањето на извештајот. Но овој тренд слабее, па „следните месеци ќе бидат многу важни за градење на доверба“, додаде тој.
„Најголемиот ризик е недостатокот на желба за соработка, а тој не се ублажува“, истакна шефот на „WEF“.
Во понеделникот претседателот Трамп изјави дека Кина ја чувствува „болката“ од американските царини и изрази оптимизам за остварување на трговски договор, но преговорите помеѓу двете страни до моментов се уште не довеле до конкретни резултати.
Трговските спорови помеѓу САД и нивните сојузници исто така се зголемија.
Администрацијата на Трамп и се закани на Европа со царина за автомобилите, велејќи дека извозот на автомобили може да создаде ризик за националната безбедност. САД и Европската унија ќе одржат разговори во областа на трговијата подоцна во оваа година, но имаат различни цели во преговорите што ја засилува можноста за нови трансатлантски тензии. Во октомври по „тешките“ разговори САД, Мексико и Канада постигнаа ревидиран трговски договор, заменувајќи го „НАФТА“ што ја управуваше трговијата на континентот од 1994-та година.
Но царините врз американскиот увоз на челик и алуминиум и контрамерките на Канада и Мексико остануваат неразрешени и разговорите продолжуваат.
Ослабената сајбер безбедност, која доведува до масовни измами и кражби на податоци исто така се смета за значаен глобален ризик од учесниците во анкетата за целите на извештајот. Неовластениот пристап до податоци засегна милиони луѓе во светот во 2018-та година.
„Потенцијалната ранливост на важната технолошка инфраструктура се повеќе се претвора во проблем за националната безбедност“, станува јасно уште од извештајот.
Токму извештајот треба да ја претстави агендата на форумот во швајцарското ски-одморалиште Давос, каде се собираат глобални политички и корпоративни лидери.
Геополитичките поделби „ќе го усложнат секој обид за изнаоѓање на консензус за најсмелите обиди за редефинирање на глобалниот капитализам“, забележуваат авторите на извештајот.