Трговците на мало во Германија имаат се поголем проблем со крадците: институтот за истражување на пазарот ЕХИ проценува во новата студија дека крадците минатата година украле стока во вредност од 2,8 милијарди евра од продавниците на мало, пренесува германската новинска агенција ДПА.
Штетата е поголема за значителни 15 проценти од р година. Најчести мети на крадците се продавниците за храна и облека и аптеките.
Главниот автор на студијата, Френк Хорст, честото прибегнување кон кражбата го припишува само делумно на кризата и финансиските проблеми на луѓето.
Проблемот е недостатокот на стручна работна сила во малопродажбата. „Многу продавници денес се со недоволно персонал, што е олеснување за крадците. Самото присуство на персонал ја обесхрабрува кражбата“, рече Хорст.
Крадците најчесто земаат алкохолни пијалаци, тутунски производи, козметика, жилети, енергетски ијалои, рн за еиња и кафе. Често се крадело месо, месни производи и сирење.
Најголем дел од сторителите се случајни крадци, но околу една четвртина се професионални крадци кои делуваат и во организирани банди.
Севкупно, отстапувањето за пописот во 2023 година се зголеми за пет проценти, на 4,8 милијарди евра. Вклучува загуби поради кражба од клиенти, вработени и персонал на добавувачи и услужни компании, како и организациски дефекти, како што се неправилно прикажани цени.
Во загуба е и државата која со кражби на мало губи околу 560 милиони евра даночни приходи.