Актуелно 15.10.2018 09:34

Тргувањето со акции постави нов рекорд во Македонија

Тргувањето со акции постави нов рекорд во Македонија

Македонската берза воспостави нов годишен рекорд уште на безмалку три месеци до крајот на годината со вкупно истргувани хартии од вредност во висина од 8,9 милијарди денари.

Оптимизмот во забрзувањето на евроинтеграциите, високите профити на големите компании во првото полугодие, ниските каматни стапки, но и низа други фактори создадоа вредност на купо-продажба од 8,7 милијарди денари по првите три квартали.

„Точката“ на новиот рекорд најверојатно се случи на 9 октомври до кога веќе имаше промет од 220 милиони денари од тековниот месец.