Над три илјади жени, облечени во традиционални баварски носии, дирндл се собраа на саемот во градот Кемптен, во јужна Германија, со цел да постават нов Гинисов рекорд.
На саемот со овие традиционални носии дојдоа 3.164 жени. Целта беше да се подобри претходниот рекорд, поставен пред две години од 2.865 жени, кои пристигнале во баварски носии во градот Бад Шусенрид.
Учесниците во новиот обид за поставување Гинисов рекорд беа на различни возрасти и носеа најразновидни модели на дирндл, од долги традиционални до современи и куси носии.