Актуелно 01.01.2019 14:54

Три машки бебиња родени во Битола

Три машки бебиња родени во Битола

Првиот ден во Новата 2019 година во Битола се родија три машки бебиња. Првото бебе се роди 20 минути по полноќ. Среќната мајка е Александра Максимовска од Битола, која на свет донесе машко бебе, тешко 3.255 грама, а долго 49 см.

Останатите две бебиња се родија со царски рез. Едното бебе е од Кичево, а другото од Битола. Тие на свет дојдоа во 10.05 и 11.10 часот денеска претпладне.

На сите среќни мајки градоначалничката на Битола, Наташа Петровска им подари букети свежи цвекиња и парични средства.

Инаку новогодишната ноќ, според портпаролката на Клиничката болница во Битола помина мирно, а во Ургентното одделение лекарска помош побарале само четворица битолчани, тројца заради прекумерно користење алкохол, а еден заради повреда во тепачка.