Актуелно 31.10.2023 15:44

Три милиони евра заработил тетовчанец кој работел на социјални мрежи за странски компании

Три милиони евра заработил тетовчанец кој работел на социјални мрежи за странски компании

Тетовчанец пријавил годишен бруто доход од 181,9 милиони денари, или околу 3 милиони еввра кои му ги исплатиле странски компании за работа со социјални мрежи и видео платформи, соопшти Управата за приходи на денешната презентација на резултатите од годишните даночни пријави за 2022 година.

Тетовчанецот приходот го пријавил под ставка „друг доход“. Во ова ставка спаѓаат бизнисите со електронска трговија преку интернет, маркетиншките услуги преку интернет, доход остварен од продажба на цврст отпад, неискористени донирани средства, ккао и кусоци од вонредни настани.

На листата од 10 најголеми пријави по основ „друг доход“, покрај Тетовчанецот е и едно лице од Свети Николе, а другите 8 се од Скопје. Најмалиот доход меѓу нив е со 940.000 евра.