Тој беше навистина „загреан“ за тебе, но наеднаш неговиот интерес исчезна.
Веројатно не сте ни помислувале дека ќе ви раскине, но тоа се случило. Ваквите момци имаат три скриени причини поради кои најчесто ви раскинуваат, ние ви ги откриваме.
Продолжете да читате.
Чувствува притисок дека не е доволно добар за вас
Дали сакаш повеќе љубов и внимание? Дали се чувствуваш како постојано да се обидуваш да го средиш вашиот однос?
Доколку се пронајдовте во овие прашања тогаш вашето момче чувствува притисок.
Но, тоа не е твоја вина.
Голем број од мажите бегаат од емоционален притисок, бидејќи тоа влијае на нивната машкост и прави да се чувствуваат несигурно.
Кога мажите се чувствуваат вака во една врска, тие се повлекуваат без да прават проблеми.
Вашата врска е поле за натпревар
Ако мажот се бори со жената за „контрола“ во врската, тој смета дека е со жена во чиј живот нема место за маж.
Тоа не значи дека мажот треба да ја контролира врската, но секој од вас треба да има контрола во различна област.
Ако се „борите“ за доминација, мажот прв ќе се повлече.
Не чувствува почитување
Никогаш нема да можете да изградите стабилна врска со маж кого не го почитувате.
За да имате сериозен однос морате да чувствувате дека сте еден за друг.
Мажот мора да знае дека во најтешките моменти од вас ќе добие подршка не осуда. Ако почуствува дека не го почитувате ќе ве остави.