Актуелно 16.08.2019 15:57

Трипуновски: Додека задоволувате некој партиски војник Заев и Димковски, нека ви текне дека децата на овоштарите, оризарите, сточарите патат за леб

Трипуновски: Додека задоволувате некој партиски војник Заев и Димковски, нека ви текне дека децата на овоштарите, оризарите, сточарите патат за леб

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус во кои пишува дека се вработуваат партиски војници во Министерството за земјоделство.

-И додека задоволувате некој партиски војник господине Заев и Димковски, нека ви текне дека децата на овоштарите, оризарите, сточарите патат за леб.
Во време кога се сечат овошни дрва, кога родот се фрла на буништа, кога имате неисплатени субвенции-ги трошите парите на граѓаните за нови вработувања?
Па до каде вака, до кога вака? МЗШВ не е ваш прватен пашалук. Приоритет се и треба да бидат земјоделците, а не вашите партиски вработувања.
Нели администрацијата беше преполнета? Нели преместувате вработени од град во град, од каде сега потреба за нови вработувања? МЗШВ не е алатка за да се задоволат партиските апетити пред избори, стои во неговиот пост на Фејсбук.