Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски од Битола денеска го повика обвинителството да ги процесуира предметите, за кои како што вели министерството има цврстви докази за злоупотреби на државниот буџет.
„Работиме дополнителни случаи за кои што во минатото сме имале сериозни индиции, веќе се собираат доказите и нормално ќе бд запознаена и пошироката јавноста и нормално сите ќе бидат процесуирани до надлежните институции.
Повторувам уште еднаш, го повикувам Јавното обвинителство на овие два случаи кои што се поткрепени со цврсти докази за класична злоупотреба на државниот буџет од страна на правни субјекти и нормално на раководството во тоа време да ги процесуираат предметот, да преземат мерки, се со цел да покажеме дека навистина судството сака да става крај на вакви незаконски работи. Да не биде како во минатото да имаат 2 посто рејтинг во јавноста, туку напротив овие цврсти докази да бидат земени во предвид, да се процесуираат, да не останат неми.
Еве помина повеќе од една недела, десетина дена, освен од финансиската полиција и министерството за внатарешни работи, од јавното обвинителство нема никаков сигнал за индиција.
Затоа ја користам оваа изјава да упатам уште еднаш апел да си ги процесуираат предметите.
Сите останати кои што ги работиме ќе ја информираме јавноста и со оваа активност сакам да кажам, да упатиме еден апел, еден сигнал до земјоделците пред се како категорија дека навистина треба да се работи согласно зк, бидејќи тие пари наместо кај вистинските земјоделци завршувале кај луѓе блиски до власта.
Има во повеќе региони, но во интерес, еве сега да не звучам како министерот за внатрешни работи, во интерес на истрагата, меѓутоа согласно собраните докази ќе ја информираме јавноста“ рече Трипуновски.