Пред неколку дена беше постигнат договор за откупната цена на црвената пиперка, прва класа – 40 денари за килограм, прва/втора класа – 30 денари за килограм, втора класа – 20 денари за килограм, трета класа – 12 денари за килограм.
Од страна на министерот беше ветено дека Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка. Затоа денеска министерот дојде во с. Муртино за да изврши увид дали се почитува договорот за откупот на црвената пиперка.
Градинарите се задоволни од одлуката на министерот за однапред договорената откупна цена на црвената пиперка.
„Земјоделците се во сигурни раце, Министерството се грижи и го вреднува нивниот труд“, истакна Трипуновски, соопштуваат од МЗШВ.