Лагата од секогаш им била силна страна на СДСМ. Тутунарите не се задоволни од откупот на тутун во изминативе три години. Прва класа се продава како втора, а втора како трета, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакна дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски.
-На крајот на последната сезона не беше откупен целиот тутун, иако СДСМ се фалеше. Тутунарите во радовишко останаа со неоткупен тутунот. Оваа година тутунарите повторно се оставени на милост и немилост. Откупувачите не склучуваат договори со нив. Тутунот е само една од маките на земјоделците. Сточарите овој период останаа со неоткупено јагне и до 50% од нивните капацитети, а зелката се изора во нивите, затоа што земјоделците немаат економска логика да ја продаваат. Сликата во земјоделството е мачна, кога ќе се тргнат розевите наочари на Заев и луѓето околу него. Лагите не поминуваат, додава Трипуновски.