Актуелно 27.03.2020 21:20

Трипуновски: Владата мора под итно да ги преземе двете мерки кои ги предложив, сточарите не смее да бидат доведени до питачки стап

Трипуновски: Владата мора под итно да ги преземе двете мерки кои ги предложив, сточарите не смее да бидат доведени до питачки стап

Дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски на својот Фејсбук профил алармира дека ситуацијата со сточарите во време на коронавирусот и понатаму е алармантна.

-Ситуацијата на сточарите во време на Корона вирус и понатаму е алармантна⚠️.На недела дена пред завршување на откупната сезона на јагнето откупени се само 2️⃣0️⃣%од целокупната бројка.

Сточарите не знаат што да прават, не гледаат излез од оваа ситуација. Владата мора под итно да ги преземе двете мерки кои ги предложив, сточарите не смее да бидат доведени до питачки стап.❗️Неинтервенцијата денес ќе значи помалку сточари утре, празни пасишта и трла. Не смееме да дозволиме сточарите да останат без леб. Во ек на пандемија мора да бидеме солидарни. Решенија веднаш❗️❗️, стои во неговиот пост на Фејсбук.