Актуелно 21.11.2019 17:58

Трипуновски: Заев и власта денеска со фингираната кривична пријава против мене уште еднаш го покажаа своето деструктивно лице

Трипуновски: Заев и власта денеска со фингираната кривична пријава против мене уште еднаш го покажаа своето деструктивно лице

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ денеска сподели статус на својот Фејсбук профил во кој пишува дека денеска Заев го покажал своето деструктивно лице.

-Денеска Заев го покажа своето деструктивно лице. Власта поднесе фингирана кривична пријава, во која сум опфатен и јас, за периодот кога сум бил директор на Инспекторатот за земјоделие. Кривичната е крајно тенденциозна се темели на лаги и манипулации. Причината поради која сум опфатен во случајот е само поради мојот политички ангажман, и јавното посочување на криминалот и лошото владеење на Заев и фамилијата. Ниту ме плашите, ниту во иднина ќе ме уплашите. По 12 април паѓате. Доаѓа време за правда и одговорност за прогонот кој во континуитет го правите последните три години, стои во неговиот пост на Фејсбук.