Испровоциран од денешната пресконференција на СДС, а во интерес на вистината ги повикувам јавно да одговорат на неколку прашања, напиша на Фејсбук Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ
• Која е причината што ИПАРД 3 стартува во септември 2023 наместо во март 2022 како што беа првичните најави?
Зошто сѐ уште не е склучена финансиската спогодба помеѓу Европската Комисија и РМ?
• Зашто ги лажете луѓето дека авансно ќе исплаќате средства (потребна е банкарска гаранција во износ од 120-130%)?
• Зошто не ја информиравте јавноста за кои случаи и кои се корисниците за истрагите на ОЛАФ во Платежната агенција?
Зошто не успеавте повеќе од €10.000.000 да ги искоритите од ИПАРД 2?
Иако се сомневам дека ќе дадете одговор на овие прашања, одговорот е јасен, а тоа е заради вашата неспособност и криминогеност!!!, вели тој.