Економија 07.05.2018 12:20

Tрошоците на животот и цените на мало во април споредено со истиот месец лани се зголемиле за 1.4 %

Tрошоците на животот  и цените на мало во април споредено со истиот месец лани се зголемиле за 1.4 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот и индексот на цените на мало, во април 2018 година, во однос на претходниот месец изнесува 100.3.

Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 3.6 %, замрзнатото овошје за 1.2 %, другите преработки од месо за 0.9 %, месото за 0.7 %, другите прехранбени производи за 0.6 %, млекото за 0.5 %, сувото овошје и јаткастите производи за 0.4 %, трбушките и цигарите за 0.3 %, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.2 %.

Во април 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 2.8 %, болничките услуги за 2.6 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2.1 %, велосипедите за 1.6 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 1.3 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, услугите за рекреација и спорт за 1.0 %, поправките на електричните апарати за 0.9 %, малите електрични апарати зa 0.6 %, мебелот за домаќинствата за 0.4 %, средствата за чистење и одржување на станот, авионскиот превоз на патници за 0.3 %, обувките, материјалите за одржување и поправки на станот, алатитe и опремата за куќа и градина, другите медицински производи, телефон и телефакс-апаратите и телефон и телефакс-услугите, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај шеќерот, џемот, медот и кондикторските производи за 0.9 %, брашното и другите жита, рибата и морските плодови за 0.4 %, оризот, другите пекарски производи, житата и јајцата за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај туристичките пакет-аранжмани за 7.5 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.4 %, книгите за 1.3 %, автомобилите за 1.1 %, другите лични предмети за 0.4 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.3 %, информатичката опрема и услугите за лична хигиена за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во април 2018 година, во споредба со април 2017 година, забележа пораст од 1.4 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 3.0 %.

Најнови вести