Актуелно 07.06.2018 13:18

Трошоците за живот пораснале за 1,7 % додека цените на мало за 3,1 %- граѓаните едвај врзуваат крај со крај

Трошоците за живот  пораснале за 1,7 %  додека цените на мало за 3,1  %- граѓаните едвај  врзуваат крај со крај

Според најновите информации на Државниот завод за статистика трошоците за живот и цените на мало доживеа уште едно покачување. Имено,  индексот на трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со мај 2017 година, забележа пораст од 1.7 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 3.1 %.

Споредено со претходниот месец трошоците за живот и трошоците на мало исто така имаат покачување. Така трошоците за живот пораснале за 1% додека цените на мало пораснале за 0,7 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 13.1 %, цигарите за 5.0 %, свежото и разладеното овошје за 2.3 %, замрзнатото овошје за 1.3 %, другитепрехранбенипроизводи за 0.7 %, месото за 0.6 %, алкохолните пијалаци за 0.5 %, сирењето и урдата за 0.4 %, сушениотзеленчук,другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.3 %, рибата и морските плодови и безалкохолните пијалаци за 0.2 %.

Во мај 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај туристичките пакет- аранжмани за 12.1 %, парамедицинските услуги за 7.2 %, течните горива за домаќинствата за 7.0 %, услугите за сместување за 5.9 %, болничките услуги за 5.5 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4.6 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 4.3 %,информатичката опрема за 2.9 %, гасот за домаќинствата за 2.4 %, обувките, телефон и телефакс-опремата за 1.1 %, теписите и другите покривки за под за 0.7 %, услугите за лична хигиена за 0.5 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.4 %.

Граѓаните се жалат бидејќи трошоците континуирано растат додека платите тапкаат во место. Граѓаните велат дека едвај врзуваат крај со крај и дека владата не ги исполнила ветувањата за плата од 30.000 денари додека даноците и давачките постојано растат. Со зголемувањето на трошоците сега на граѓаните ќе им треба повеќе пари за да ги купат основните производи кои ја сочинуваат основната потрошувачка кошничка. На овој начин стандардот полека но сигурно се намалува сиромашните стануваат посиромашни додека средната класа полека но сигурно се уништува.