Економија 15.10.2025 10:21

ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО ВРТОГЛАВО РАСТЕ Глобалниот недостиг и зголемената побарувачка ја турка цената нагоре

ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО ВРТОГЛАВО РАСТЕ Глобалниот недостиг и зголемената побарувачка ја турка цената нагоре

Цените на среброто доживеаја скок од 70% од почетокот на годината, а глобалниот недостиг, зголемената индустриска и инвестициска побарувачка и рекордното купување во Индија се главните двигатели на овој феномен.

Утрото во 7 часот унца сребро се продаваше за 53,71 долар, по што неговата вредност остро падна и повторно се врати на 51,44 долари за унца.

Аналитичарите велат дека ваквиот експлозивен раст на среброто се должи на геополитичките тензии и фискална несигурност, ограничената понуда, како и сезонскиот врв на побарувачката на азискиот пазар.

Овој скапоцен метал игра клучна улога во производството на електрични возила, батерии, соларни панели и медицинска опрема. Комбинацијата од инвестиции и индустриска побарувачка создаде исклучително силен притисок врз пазарот на сребро.