Економија 13.12.2023 12:17

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ЌЕ РАСТЕ И СЛЕДНАТА ГОДИНА Просечната цена неделава е 2.000 долари за унца

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ЌЕ РАСТЕ И СЛЕДНАТА ГОДИНА Просечната цена неделава е 2.000 долари за унца

Цената на златото се задржа на 2.000 долари за таканаречената троја унца (31,1 грами) по високиот раст од на 2.135 долари на почетокот на неделава.

Финансиските експерти предвидуваат дека цената на овој метал ќе расте и во текот на следната година како резултат на очекувањата дека каматните стапки ќе се намалуваат.

-Цената на златото во 2024 година би скокнала на околу 2.090 долари, а на крајот на 2025 година би можело да вреди околу 2.400 долари за унца – велат финансиски експерти.

На почетокот на овој век, унца од овој благороден метал беше нешто поевтина од 500 долари, но во следните две децении златото значително доби на вредност, што е последица, пред сè, на зголемувањето на економската и политичката неизвесност во многу делови од светот. ()