Наместо 5,8 милиони евра, Голден Арт ќе треба да плати 7 милиони евра за управната зграда на Раде Кончар – Заеднички дејности ДОО Скопје.
Информацијата преку Македонската берза ја соопшти Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје. Друштвото во Раде Кончар – Заеднички дејности поседува 40% од вкупниот број на акции.
-На ден 20.02.2024 година Собирот на содружници на Раде Кончар – Заеднички дејности ДОО Скопје, во кое Раде Кончар – Апаратна техника поседува 40% од вкупниот број на удели, донесе Одлука со која ги усвојува условите од претходно доставената Понуда на Голден Арт, како и од дополнително доставениот Анекс бр.1 на Понудата за дополна и корекција на условите на Понудата со зголемена купопродажна цена и променет начин на плаќање за купопродажба на недвижниот имот – управната зграда на Друштвото (ИЛ 58529 за КО Кисела Вода 2 на КП 1851/16) по цена од вкупно 7.000.000 евра во денарска противвредност сметано по среден курс на НБРСМ на денот на плаќањето, информираа од таму.
Одлуката ќе стапи на сила по донесена Одлука за одобрување на купопродажбата од страна на Собранието на акционери на содружникот Раде Кончар – Апаратна техника.
-За таа цел, за предметната работа ќе биде свикано и Собрание на акционери на Раде Кончар – Апаратна техника, на кое акционерите на Друштвото ќе треба да се изјаснат во врска со наведеното и ќе дадат насока и одобрение на Одборот на директори да преземе понатамошни активности, како и да го врши гласачкото право по основ на уделот во Собирот на содружници на Раде Кончар – Заеднички дејности при натамошното одлучување и реализација на конкретната продажба, велат од таму. ()