Економија 28.03.2024 08:31

Цените на чоколадото во Германија највисоки во последните 20 години

Цените на чоколадото во Германија највисоки во последните 20 години
chocolate and ingredients - tilt shift selective focus effect photo

Увозните цени на зрната какао неодамна пораснаа во Германија, со најголем пораст во последните 20 години, потврди германскиот завод за статистика.

Во јануари 2024 година цената е зголемена за 73,4 отсто во однос на претходната година, што се очекува да се одрази и на потрошувачката цена на чоколадото.

Во март, швајцарскиот производител на чоколади Lindt & Sprüngli предупреди на пораст на цените на чоколадото. Компанијата на почетокот на годинава објави дека зголемените увозни цени на зрната какао „ќе резултираат со понатамошни зголемувања на цените во 2024 и 2025 година, под услов цените на какаото да останат на сегашното ниво“.

Една од причините за забележителниот пораст е недостигот на какао на светскиот пазар како резултат на неуспешните жетви, особено во Западна Африка.

Минатата година во Германија биле увезени 8 отсто помалку зрна какао во споредба со претходната година. Германија добила најголем дел од своето какао од Брегот на Слоновата Коска во 2023 година.

Последното споредливо зголемување на цената беше во октомври 2002 година, кога трошоците за какао се зголемија за речиси 88 проценти.

Во однос на февруари 2023 година, цените на производителите на чоколадо пораснале за 8,8 отсто во истиот месец годинава, што статистичкиот завод го опиша како „надпросечен“. ()