На светските берзи минатата седмица цената на нафтата падна за повеќе од 3 отсто, по двете седмици раст, бидејќи се очекува производството на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) да се зголеми на крајот oд годината, а трговците не се сигурни дека побарувачката дотогаш значително ќе се зголеми.
На лондонскиот пазар ценаа на барелот минатата седмица падна за 3,5 отсто, на 71,89 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 5,2 отсто, на 68,18 долари.
Падот на цените најмногу се должи на веста дека Саудиска Арабија има намера да се откаже од целната цена од 100 долари за барел и да го зголеми производството во декември за да го зголеми пазарниот удел. Ријад упорно демантираше дека цели кон одредена цена, а извори од OPEC велат дека планот за зголемување на производството не претставува отстапување од официјалната политика на групата.
Летово OPEC и неговите сојузнии независни големи производители предвоени од Русија познати како OPEC+ најавија дека од декември ќе го зголемат производството за 180.000 барели дневно.
На цените негативно влијаеше и веста дека конфронтираните страни во Либија потпишаа договор со кој беше разрешен спорот околу централната банка и контролата на приходите од нафтата, што може да значи дека извозот на нафта ќе се нормализира. Поради овој конфликт, либискиот извоз падна на само 400.000 барели дневно во септември, додека пред конфликтот изнесуваше повеќе од милион барели дневно.
Бидејќи се очекува зг на понудата, цените на нафтата не се зголемија дури и по вестите за новите монетарни и фискални стимулативни мерки од кинеските власти, најголеми од пандемијата. Така, властите во Пекинг ги намалија каматните стапки и стапките на издвојување на задолжителната резерва на банките со цел да го поттикнат кредитирањето. За таа цел најавија вбризгување големи средства во државните банки.
Овие мерки треба да го забрзаат растот на кинеската економија, најголемиот увозник на нафта во светот.
„И покрај агресивните стимулативни мерки во Кина, загриженса за лнт на OPEC за зголемување на производството влијаеше на цените на нафтата“, пишуваат аналитичарите на „Aegis Hedging“ за изгледите на пазарот.