Банкарство 09.02.2024 10:31

ТТК банка: Годишна камата од 2,7 проценти за корпоративната обврзница од втората емисија

ТТК банка: Годишна камата од 2,7 проценти за корпоративната обврзница од втората емисија

На 14 февруари (среда) имателите на корпоративната обврзница ќе ја добијат годишната камата од ТТК банка, пресметана по стапка од 2,7 проценти. Се работи за обврзница од втората емисија со ИСИН MKTTKS200020 и шифра ТТКО2.

Од Банката информираат дека право на исплата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница-втора емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност, заклучно со 13 февруари.

„Тргувањето со обврзниците во деновите 12 и 13 февруари 2024 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 364 и 365 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 14 и 15 февруари 2024 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена + акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 14 и 15 февруари 2024 година, соодветно, и нема да остварат право на исплата на годишната камата“, се вели во објавата на ТТК банка.