Туристичките капацитети годинава се исполнети над 90 проценти, а приходот ќе биде повисок од 530 милиони евра. За растот на параметрите во туризмот информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Сепак, плановите се поголеми. Според поставените цели, до 2025 година треба да се достигне бројка од речиси четири милиони ноќевања и 600 милиони долари. Што би претставувало над четири отсто во БДП. Сето тоа проследено со повеќе од 45 илјади вработени. Зацртаното треба да се реализира преку програмата за развој на туризмот.
Со работа ова може да се постигне, смета директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски. На тоа упатуваат и актуелните податоци кои бележат раст на туристите, пред се на странските, кои престојуваат во земјата.
Согласно програмата, за идната година се предвидени 360 виртуелни тури, брошури за презентација на можностите што ги нуди македонскиот туризам, културното наследство, локалитетие, гатрономијата, руралните дестинации…
„Идната 2024 година ќе биде запаметена по неколку проекти кои ќе дадат траен печат во туризмот и во развојот на руралниот туризам, но и на гастро концептот. Аенцијата ќе биде се поизложена во меѓуграничните проекти, ќе има национална туристичка кампања насекаде во светот и бројки кои, може да кажам, со заедничка работа можат да бидат исполнети“, тврди Јаневски.
Сепак, сметаат дека не е доволен бројот на хотели и сместувачки капацитети, па апелираат на тоа поле да има повеќе инвестиции, а треба да се почне и со постапките за категоризација на автокамповите во државата.