Мозаик 30.01.2019 12:46

Турската амбасада реагираше за субвенции доделени од македонската влада на весник близок до Ѓулен

Турската амбасада реагираше за субвенции доделени од македонската влада на весник близок до Ѓулен

Турската амбасада во Скопје испрати реакција во која го осуди субвенционирањето од страна на македонската влада субвенционирањето на весник на турски јазик, кој според официјална Анкара е близок до организацијата ФЕТО на Фетула Ѓулен, која Турција ја смета како опасност за нејзиниот поредок.

Владата пред два дена го објави списокот на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 годинам меѓу кои е весникот „Заман Македонија” на турски јазик., јавува агенцијата Анадолија. Инаку весникот „Заман Македонија” е еден од 11-те печатени медиуми кој доби субвенции ви рамки на програмата за нивна помош. Сумата за материјална поддршка на неговото печатење изнесува 903.092 денари.

„Познато е дека Република Турција ја поддржува Република Македонија од нејзината независност на сите важни полиња. Поддршката и односот на Република Турција кон Република Македонија отсекогаш биле пријателски и добронамерни. Одлуката на Владата на Македонија да се додели финансиска поддршка за весник на ФЕТО ја сметаме за скандалозна и неприфатлива. Очекуваме дека Владата на Македонија ќе ја преиспита својата одлука и ќе ги земе в предвид долгогодишните пријателски односи помеѓу двете земји и двата народи“, се вели во реакцијата на Амбасадата на Турција во Скопје.