Финансии 16.08.2018 17:59

Турската лира се стабилизира

Турската лира се стабилизира

Знаци на закрепнување се појавија на пазарите, по стабилизирањето на турската лира трет ден по ред, приближувајќи се на долгорочното ниво.

Турскиот министер за финансии, Берат Албајрак денеска планира да одржи средба со повеќе од 3.000 инвеститори кои сакаат да се запознаат со деталите од неговиот план за стабилизирање на економијата на земјата, која се бори со висока инфлација и нестабилна валута.

Централната банка на Турција ги презеде акциите за поддршка на валутата.

Утрово доларот се разменува за 5.8544 лири во споредба со 7.0891 лири на 13 август. Еврото се разменува за 6.6627 лири.