Министерството за финансии на Турција најави дека ќе испрати нов реформски пакет до парламентот на оваа земја, кој значително ќе влијае на сегашниот даночен систем. Во пакетот што ќе биде претставен пред Големото национално собрание на Турција, се наведува дека има регулаторни препораки за зајакнување на правдата, воведување даночни практики ориентирани кон капиталот и зголемување на учеството на директните даноци.
Според турските медиуми, дел од реформата се однесува на наплата на глобалниот минимален корпоративен данок, кој е воведен во повеќе од 30 земји, вклучувајќи ги и земјите од ЕУ. Зголемениот данок на добивка ќе се применува и за добивката остварена од големи инвестиции.
„Стапката на данокот на добивка е 25 отсто за реалниот сектор, 30 отсто за банките и финансиските институции, 20 отсто за извозните компании, 23 отсто за јавните претпријатија и 24 отсто за производителите. С препорачува стапките на данокот на добивка на платите за оние кои работат во рамките на моделот изградба-управување-трансфер и проекти за јавно-приватно партнерство, да биде 30 отсто, наместо досегашните 25 отсто“, пишуваат турските медиуми.
Она што е интересно е што во пакетот даночни реформи беа најавени и мерки со кои би се потиснала т.н неформалност во турското општество, што особено се однесува на непријавување на вработените.
„Доколку пакетот мерки стане закон, казните за непријавените работници ќе бидат 1,5 пати повисоки од данокот што е пријвен и 4,5 пати повисоки ако во целиот случај се дефинира и шверц“, се наведува. Дополнително, мерките ќе важат и за казни за плаќање кирија во готово. На станарите ќе им се изрече посебни казни за неправилност во случај на плаќање кирија во готовина“, се наведува во планот за реформи.
Она што е интересно е дека новиот пакет мерки го третира и оданочувањето на приходите од бакшишите. Бакшишите ќе бидат посебно прикажани во пресметката, под услов да не надминуваат 10 отсто од надоместокот за услугата. Овие приходи ќе се собираат на банкарска сметка и целосно е им биа распределени на вработените“, соопшти Министерството за финансии на Турција.