Актуелно 22.01.2024 08:49

Тутунарите го интензивираат бојкотот – не го даваат квалитетниот тутун по лански цени

Тутунарите го интензивираат бојкотот – не го даваат квалитетниот тутун по лански цени

Повторно има застој во откупот на тутунот. Вратите на откупните пунктови се секојдневно отврени, вработените се таму но тутун никој не носи.Тутуанрите продолжуваат да бојкотираат и не го носат тутунот за откуп заради ниските откупни цени.

Досега се откупени околу 6 илјади тони но според тутунарите тоа бил тутунот со полош квалитет а сега кога треба да се носи уабвиот тутун сите чекаат дали монополите ќе ги зголемат откупните цени. Главната причина за проблемите кои годинава кулминираа со бојкот на откупните пунктови се законските измени од пред две години со кои веќе откупувачите немаат обврска да преговараат за цените туку само на пет дена пред почетокот на откупот треба да објават како тие ги скроиле по нивна мера.

До крајот на феврураи откупот законски мора да заврши а на месец дена пред крајот нешто повеќе од половината од тутунот е сеуште не откупена. Од почетокот на март ќе треба да се склучуваат и нови договори. Ако продолжи ваквата тенденција на ниски цени, тутунот ќе го има се помалку велат тутунарите а тоа ќе значи дека ќе нема ниту заработки ни за откупувачите.

Тутутнот е една од нашите најзначајни земјдоелски култури со девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно и од која за основна егзистенција вадат од 70 до 100 илјади жители а на тие ниви и не може нешто друго да се одгледува и да биде исплатливо. По долг период на бојкотирање наместо преговоридобија еднострана одлука за зголемување на откупните цени од 300 на 330 што сметаат дека е недеволно за да ги покријат трошоците и да им остане за живеачка.

()