Актуелно 01.02.2021 22:41

Уапсен Игор Спасов

Уапсен Игор Спасов

Бугарската полиција го известила македонското МВР дека денеска во Софија е уапсен Игор Спасов по распишана меѓународна потерница, дознава Канал 5.

Игор Спасов е уапсен во Софија по распишана меѓународна потерница од макеодонското МВР. Повеќе детали од МВР најавуваат за утре.

Инаку, Основниот суд Штип ја известил тамошната полиција дека Игор Спасов, специјалец во МВР осуден за убиството на Мартин Нешкоски, е во бегство..

Спасов беше пуштен од затворот „Идризово“ пред една година, поради лекарски и вешти наоди дека морало врз него да се извршат најмалку две хируршки интервенции. Тој се оперирал од дискус хернија и од кила. Требало да се врати во затворот „Идризово“ на 18 октомври, но не го сторил тоа.