Актуелно 09.10.2023 09:38

Угостителски услуги во септември поскапи за 6,2 отсто во споредба со истиот месец лани

Угостителски услуги во септември поскапи за 6,2 отсто во споредба со истиот месец лани

Цените на угостителските услуги во септември годинава, во однос на истиот месец лани, се зголемени за 6.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Угостителските услуги во септември во споредба со август 2023 година, поскапеле за 0.1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1 % и Алкохолни пијалаци за 0.3 %.

Во периодот јануари – септември годинава, пак, во однос на истиот период лани, цените на угостителските услуги се зголемени за 11.1 %, а во споредба со декември 2022 година растот изнесува 3.7 %.