Актуелно 05.12.2023 14:52

Угостителските услуги во ноември поскапи од октомври за 0,1 отсто

Угостителските услуги во ноември поскапи од октомври за 0,1 отсто

Цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2023 година, во споредба со истиот период лани се зголемени за 10.1 %, додека во однос на декември 2022 година, е се повисоки за 4.1 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во ноември, пак, во споредба со октомври годинава се зголемен за 0.1 отсто.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.2 %. Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.2 %. ()