Актуелно 06.02.2024 08:27

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Угостителските услуги во јануари годинава, во споредба со истиот месец од 2023, се зголемени за 6.3 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во однос на декември лани, пак, угостителските услуги поскапеле за 0.6 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци за 1.6 %,
Безалкохолни пијалаци за 1.7 % и Ноќевања за 0.8 %. ()