Актуелно 29.08.2018 19:52

УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола: Градоначалничката Петровска да си даде оставка бидејќи не го исполни предизборното ветување за повеќе зеленило

УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола: Градоначалничката Петровска да си даде оставка бидејќи не го исполни предизборното ветување за повеќе зеленило

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Битола направи „пикник во една од многуте разеленети површини во Битола“, онакви површини какви што ветуваше градоначалничката на Битола Наташа Петровска во предизборната кампања минатата година.

-Градоначалничката Наташа Петровска во предизборната кампања вети нови зелени површини. Денес го гледаме исходот од тоа ветување и капиталната инвестиција во раззеленувањето на Битола. Денес, во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола, во една пријатна атмосфера, каква што доликува на удобниот живот кој ни го донесе СДСМ и нашата почитувана градоначалничка, направивме еден мал пикник во една од многуте раззеленети површини во Битола. Градоначалничке ви благодариме, ама навистина доста беше. Ако барем малку мислите за доброто на градот и на нас младите, ве молиме поднесете си оставка ако е можно уште денес, пишува во статусот објавен на Фејсбук страната на УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола.