Економија,Банкарство 29.08.2018 21:59

Унгарска ОТП Банка ја презема Сосиете Женерал во Албанија и Бугарија

Унгарска ОТП Банка ја презема Сосиете Женерал во Албанија и Бугарија

Во врска со шпекулациите дека се продава Охридска банка Сосиете женерал, гуверенрот на НБРМ, Анита Ангеловска Бежовска, вели дека до нив не е пристигнато барање за издавање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во Охридска банка АД Скопје, односно за стекнување акции чиј збирен номинален износ изнесува или надминува 5 проценти од вкупниот број акции во банка.

Унгарската ОТП банка се согласи да земе 99,74 проценти удел во бугарските филијали на Сосиете Женерал груп и 88,89 отсто од акциите во Албанија.

– Набавката дополнително ќе ја зајакне позицијата на пазарот на ОТП група во Бугарија, рече унгарската банка во врска со купувањето на бугарската Експресбанк.

Аквизицијата во Бугарија ќе се реализира преку локалната филијала на ОТП на ДСК Банка.

Во посебна изјава, ОТП банка објави дека се согласила да преземе 88,89 отсто од акциите во Сосиете Женерал Албанија.

Двете трансакции треба да се завршат во последниот квартал од тековната година, во зависност од одобрувањето на регулаторот, велат од ОТП Банка.

ОТП банка во посебна изјава рече дека преговара со Сосиете Женерал за склучување на договор со кој ќе се овозможи обезбедување на заеднички услуги во разни банкарски области во Албанија, Бугарија, Хрватска и Унгарија, кои ќе вклучуваат инвестициско банкарство, пазари на капитал, финансирање и глобално трансакциско банкарство.

Истовремено, според непотврдени информации кои ги пренесе Ројтерс повикувајќи се на италијанскиот економски дневен весник „МФ“, продолжуваа преговорите на Сосиете Женерал и италијанската УниКредит за поврзување или спојување. Според веста, во која не е цитиран извор, за евентуално спојување со францускиот кредитор најголемата банка во Италија работи со консултантската компанија “Ротшилд“.
евентуално повторно обединување помеѓу двете институции.

Во јуни “Фајненшл тајмс“ соопшти дека УниКредит размислува да се спои со француската банка, истакнувајќи дека нестабилната политичка ситуација во Италија ја одложила зделката.
Во банкарските кругови во Македонија исто така се погласно се зборува за продажба на Охридска банка Сосиете женерал. Во интервју за Вечер гувернерот на НБРМ Анита Ангеловска Бежоска изјави дека во изминатиот период, до НБРМ не е пристигнато барање за издавање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во Охридска банка АД Скопје, односно за стекнување акции чиј збирен номинален износ изнесува или надминува 5 проценти од вкупниот број акции во банка.