Актуелно 07.02.2024 14:17

УПОЗ задоволен од владината одлука по штрајкот во Фондот за здравство

УПОЗ задоволен од владината одлука по штрајкот во Фондот за здравство

Синдикалната организација УПОЗ изрази задоволство од синоќешната одлука на Владата за поништување на претходната препорака и донесување на нова со која вредноста на бодот на платите на вработените во Фондот за здравство останува иста.

„Со донесената одлука на денешната седница на Управниот одбор на ФЗО, Синдикалната организација при ФЗО членка на Синдикатот на УПОЗ донесе одлука со која штрајкот се става во мирување.
Единството помеѓу вработените во истрајноста, се со цел да не се намалат платите во износ од 21 отсто, но и значењето на услугите кои ги нуди ФЗО, надлежните мораа да попуштат и да ја утврдат досегашната вредност на бодот.

Сакаме да им се заблагодариме на сите организации од здравствениот сектор, Синдикатите од здравството но и граѓаните на разбирањето и поддршката која ни ја дадоа во целиот овој период“, соопшти УПОЗ.

Вредноста на бодот меѓутоа, според вчерашната одлука на Владата, е замрзната до 31-ви мај, аод УПОЗ напоменуваат дека штрајкот ќе биде повторно активиран, доколку повторно има обид да се намалат платите на вработените.

Подрачните единици на ФЗО во изминатите два дена работеа рестриктивно. Не се работеше на барањата за рехабилитација, за ортопедски помагала, заверка на ортопедски помагала, за надомести за породилно отсуство и за исплата на боледување, за осигурување во странство, за двојазични обрасци. ()