Актуелно 09.03.2019 13:52

Уште еден Македонец починал по лекување кај надрилекарот од Србија- “Не ги слушајте дебилните лекари туку мене”

Уште еден Македонец починал по лекување кај надрилекарот од Србија- “Не ги слушајте дебилните лекари туку мене”

Уште еден Македонец починал откако почнал да се лекува кај надрилекарот од Србија Мирољуб Петровиќ. Српскиот весник „Блиц“ во денешното издание објавува сведоштво на вујкото на 42 годишниот Ристо Крстевски, Александар Илиевски кој тврди дека неговиот внук Ристо починал по едногодишно лекување со тинктурите на Петровиќ, пренесе НОВА.

На внукот на Прилепчанецот му дијагностицирале тешка болест, па е обратил кај Петровиќ. Уште веднаш од Петровиќ добил совет: „Слушајте ме мене, не ги слушајте дебилните лекари“.

Ристо се лекувал цела година со тинкрутите на Петровиќ, а 12 дена бил и во центарот на Петровиќ кај Лесковац. За лекувањето Илиевски вели дека зеле и кредит, продавале имот, бидејќи месечно тинктурите чинеле 160 евра, а престојот во центарот 600 евра.

По смртта, Илиевски се обратил до Петровиќ, од кого добил одговор дека се неблагодарни и им порачал да не го бараат повеќе.

Случајот со Ристо Крстевски е само еден од многуте за кои весникот Блиц подолго време пишува, а се поврзани со надрилекартвото на Мирољуб Петровиќ.

Најнови вести