Актуелно 23.07.2020 15:50

Уште еден министер во македонската влада заразен со коронавирусот

Уште еден министер во македонската влада заразен со коронавирусот

Министерот за образование, Арбер Адеми, објави дека е заразен со корона вирусот.

-Драги пријатели, роднини и соработници, Ве известувам дека по неколку благи симптоми вчера и сомневања дека можеби сум заразен со СОVID-19, го направив тестот и за жал резултирав позитивен!

Апелирам до сите вас да ги почитувате максимално протоколите заради вашето здравје и здравјето на вашите најблиски.

Ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства!, напиша Адеми на Фејсбук.