Актуелно 12.02.2019 18:05

Уставниот суд ќе пресече за законот за пазари

Уставниот суд ќе пресече за законот за пазари

Партиите се препукуваа а власта и пазарџиите се во клинч.

На повидок е генерален штрајк на тезгаџиите а извесно е дека Уставниот суд ќе ја има последната одлука за спорниот закон кој им се наметнува на пазарите.

Со иницијатива до Уставен пазарџиите ќе се обидат да го укинат целосно законот, кој државата пак го пролонгираше за една година а согласно кој тезгаџија ќе плаќа по 60 евра лиценца за тезга и плус 40 за секоја наредна.

Дека мора да има сериозни измени велат и од групацијата на пазари а Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека закон мора да има.